Оглас за практиканти со можност за вработување
MASAC solution, како брзорастечка и иновативна компанија која нуди мехатронички решенија од различни области, ги отвора вратите за прием на 2 практиканти, кои се апсолвенти или дипломирани студенти на Машински факултет – Скопје, на кои ќе им се овозможи практична настава и подготовка за работа на позицијата машински инженери.
Mашински инженер
Како иден машински инженер, ќе бидете обучени, а потоа и вклучени во процесот на проектирање и решавање на инженерски машински проблеми и практична реализација на истите.
Ќе имате можност да работите на:
– Проектирање и дизајн во Solidworks и Catia,
– Симулации во Solidworks/Catia,
– Проектирање на пневматика,
– Практична реализација на проектираните уреди.
За успешно завршената практична работа како практиканти ќе добиете:
– Потврда за изведена практична настава и Можност за вработување во компанијата
Документи за аплицирање:
– CV (со Ваша фотографија)
– Мотивационо писмо
Аплицирање:
Документите за аплицирање треба да ги доставите на нашата e-mail адреса: [email protected], не подоцна од 7 дена од денот на објавувањето на овoj оглас.
Избраните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју во просториите на MASAC solution во термин кој дополнително ќе биде утврден и на кој ќе добиете детален опис на активностите кои ќе Ви бидат доверени како и процедурите кои ќе треба да ги следите.
Ви благодариме и Ви посакуваме успех.